
Европската комисија започна со формирање нова разузнавачка агенција под водство на претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид да се подобри употребата на информациите собрани од националните шпионски агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.
Единицата, која ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата, планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира информации за заеднички цели, објави весникот, цитирајќи четири лица запознаени со плановите.
Ројтерс забележува дека не бил во можност веднаш да ја потврди информацијата.

Македонски








