Skip to main content

Ердоган: Очекуваме конкретни чекори од ЕУ за членството на Турција

Facebook/Recep Tayyip Erdoğan

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека очекува Европската Унија да преземе „конкретни чекори“ во врска со пристапниот процес на Турција кон Унијата, јави весникот „Биргјун“.

Доколку ЕУ сака да ги надмине сегашните предизвици и да биде достојно претставена во новата глобална архитектура, тогаш Турција мора да биде прифатена како полноправна членка во најкус можен рок – рече Ердоган на Четвртиот дипломатски форум во Анталија.

Тој нагласи дека Турција е подготвена и решена да го продолжи процесот на пристапување и додаде: Очекуваме конкретни чекори од ЕУ. Членството во Унијата останува еден од главните приоритети на Анкара.

Турција доби статус на кандидат за членство во ЕУ во 1999 година, а преговорите започнаа во октомври 2005 година. Но, поради назадување на Турција во областа на демократијата, владеењето на правото и човековите права, преговорите се во застој од јуни 2018 година. с

Поврзани вести