Skip to main content

ЕК нема намера да забрани ниту една онлајн платформа

Европската комисија воопшто нема намера да забрани која било онлајн платформа, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за технолошки суверенитет, одбрана, Вселената и истражување, Тома Рение во одговор на прашање дали ЕУ размислува за суспензија на Икс и ТикТок.

Сакаме да увериме дека бизнисите и граѓаните во Европската Унија може да ги користи сите платформи, доколку, се разбира, се усогласени со законодавството. Доколку има потенцијално прекршување, имаме соодветен механизам (за реагирање) и има чекори што треба да се поминат пред да се донесе каква било одлука, рече Рение.

Тој потсети дека во моментов во тек се неколку истраги на ЕК против некои онлајн платформи за можноста за прекршување на Законот на дигитални услуги на ЕУ и откако тие ќе завршат ќе бидат проценети сите различни можности што и стојат на располагање на Комисијата.

Рение истакна дека како крајна можност, ЕК може и да побара од надлежните институции на земјите членки на ЕУ привремено да суспендираат некоја платформа.

Тоа е крајно средство, но немаме намера да одиме толку далеку, рече Рение, додавајќи дека постојат многу други механизми, пред да се дојде до одлука за суспензија на некоја онлајн платформа.