
Египет претстави нов предлог за повторно воспоставување на примирје меѓу Израел и Хамас, според кој Хамас денеска треба да ослободи пет живи заложници, а Израел треба да дозволи проток на хуманитарна помош во Појасот Газа, објавија денеска американските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.
Покрај тоа, Израел треба да ослободи неколку стотици палестински затвореници.
Неименуван претставник на Хамас рече дека групата „одговорила позитивно“ на предлогот, но не даде дополнителни детали.
Израел минатата недела го прекина постојниот прекин на огнот со почеток на изненадувачки голем бран воздушни напади во кои загинаа стотици Палестинци.
Хамас претходно соопшти дека ќе ги ослободи само преостанатите 59 заложници, од кои 24 се верува дека се живи, во замена за ослободување на стотици палестински затвореници, траен прекин на огнот и израелско повлекување