Skip to main content

Еднонеделен годишен одмор не можат да си дозволат 27 отсто од граѓаните на ЕУ

Evrostat

Во 2024 година, 27,0% од населението на ЕУ не било во можност да си дозволи една недела годишен одмор надвор од местото на живеење, соопшти Евростат.

Највисок процент на луѓе кои не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор е забележан во Романија (58,6%), во Грција (46,0%) и во Бугарија (41,4%).

Спротивно на тоа, само 8,9% од луѓето во Луксембург, 11,6% во Шведска и 13,0% во Холандија, не можат да си дозволат еднонеделен одмор.

Околу 29 проценти од жителите на земјите членки на ЕУ на возраст над 16 години не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од својот дом во 2019 година, покажуваат податоците на

Евростат не објави податоци и за државите кандидати за членство во ЕУ, меѓу кои е и Макеоднија. Последните достапни податоци објавени минатата година, покажуваат дека над половина од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор. Полошо од нас стојат Албанија, каде што 58,3% од граѓаните не можат да одат на одмор, Турција (60,8%), Црна Гора (67,2%) и Косово (69,5%)

Поврзани вести