Skip to main content

Донели: Потрагата по преживеани од авионската несреќа во Вашингтон се одвива во тешки услови

Шефот на вашингтонската противпожарна служба и службата за итни случаи, Џон А.Донели Постариотденеска изјави дека сите напори во рамките на потрагата по преживеани во авионската несреќа во близина на Вашингтон, каде се судрија воен хеликоптер и патнички авион, се насочени кон реката Тотомак и дека условите се тешки поради длабочината и студенилото на водата, како и поради ветерот.

Донели изјави дека условите за нуркање се тешки бидејќи водата во реката е матна, па операцијата за пребарување најверојатно ќе потрае неколку дена, пренесе Си-Ен-Ен.

Нуркачки тим од канцеларијата на ФБИ во Вашингтон ги помага напорите за лоцирање на жртвите од падот на авионот и хеликоптерот, изјави портпаролот на бирото за Си-Ен-Ен.

Градоначалничката на Вашингтон, Муриел Боузер утринава потврди дека и патничкиот авион и воениот хеликоптер паднале во реката Потомак. Таа изјави дека 64 лица се наоѓале во авионот на компанијата „Американ ерлајнс“, а тројца во воениот хеликоптер.

Боузер рече дека истрагата за инцидентот ќе ја води Националниот одбор за безбедност на транспортот.

Околу 19 авиони биле во воздух во моментот на падот на авионот и хеликоптерот во близина на аеродромот Роналд Реган, а тие биле пренасочени кон меѓународниот аеродром Далес, на околу 30 километри западно.

На аеродромот Реган вчера беа закажани околу 858 влезни и појдовни летови, а за денеска беа закажани 869 летови.

Последната голема несреќа на патнички авион во САД се случи во февруари 2009 година кога авион на компанијата „Континентал ерлајнс“ се урна во куќа на приближување до аеродромот Бафало, Њујорк, при што загинаа 49 лица.

Досега се пронајдени телата на најмалку 18 загинати патници. Во патничкиот авион имало вкупно 64 патници а во воениот хеликоптер „Блек Хок“ уште тројца војници.

Официјален претставник за Си-Би-Ес изјави дека досега не се пронајдени преживеани.

Поврзани вести