
Американските телевизиски канали објавија снимки на кои наводно се гледа како претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговата сопруга ги спроведуваат од авионот од страна на голем број агенти на ФБИ и Администрацијата за борба против дрога (ДЕА).
Како што објави „Скај њуз“ Николас Мадуро бил врзан со лисици додека бил спроведуван низ пистата, со синџири на нозете и вреќа преку главата.

Потоа притворените и агентите влегуваат на меѓународниот аеродром Стјуарт во Њујорк.
Присуството на агенти на ДЕА во овој случај има за цел да служи како еден вид гаранција дека тие си имаат работа со „наркотерорист“ како што Мадуро го опиша аметиканскиот претседател, Доналд Трамп.

Македонски






