Skip to main content

Данска ќе ги забрани социјалните медиуми за деца под 15 години

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека земјата ќе ги забрани социјалните медиуми за деца под 15 години, обвинувајќи ги мобилните телефони и социјалните медиуми дека „ги крадат детските детства“.

Таа вчера го објави овој предлог и истакна дека никогаш порано толку многу деца и млади луѓе не страдале од анксиозност и депресија.

Многу деца имаат тешкотии и со читањето и концентрирањето“, рече Фредериксен, додавајќи дека тие гледаат работи на екраните што ниедно дете или млад човек не треба да ги гледа.Таа не прецизираше на кои социјални мрежи ќе се однесуваат новите мерки, но рече дека тие ќе опфатат неколку платформи на социјалните медиуми.

Таа рече дека ќе има опција родителите да им дадат дозвола на своите деца да користат социјални медиуми од 13-годишна возраст.Тој се надева дека забраната би можела да стапи на сила веќе следната година.

На овој начин, Данска го следи примерот на Австралија, која воведува забрана за социјалните мрежи, вклучувајќи ги Фејсбук, Снепчет, ТикТок и Јутјуб, за лица под 16 години.

Ова соопштение доаѓа откако Данска во февруари објави дека мобилните телефони ќе бидат забранети во сите училишта. Одлуката е донесена по препорака на владина комисија за социјална помош, формирана за да го истражи растечкото незадоволство кај децата и младите, која утврди дека децата под 13 години не треба да имаат свој паметен телефон или таблет.

Поврзани вести