
Брисел почна нов напад врз Унгарија, барајќи таа да почне да прифаќа мигранти веќе од јули 2026 година.
Најновата одлука од Брисел ја обврзува Унгарија од јули следната година или да прифаќа мигранти од други европски земји или да го плати нивниот престој. Сакам еднаш засекогаш да кажам дека сè додека во Унгарија има национална влада, ние нема да ја спроведеме оваа навредлива одлука“, порача унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Тој нагласи дека во 2025 година, десетици илјади луѓе се обиделе нелегално да влезат во Унгарија, но биле спречени од граничната ограда и безбедносните сили, за што Европската Унија ја казнува земјата со дневни казни од 1 милион евра.
Со други зборови, животот без мигранти ја чини Будимпешта 365 милиони евра годишно, а сега Брисел одлучи да ја зголеми таксата.
Притоа, посочениот датум – втората половина на 2026 година е поставен затоа што Европската комисија е свесна дека Орбан нема да прифати да прими мигранти, но во април следната година, постои можност кандидат „по мерка на бирократите на ЕУ“ да биде избран за премиер на изборите. Во таков случај, ќе помине неке време пред да биде назначен, а до крајот на јуни може да почне да работи и да го прифати понудата на ЕУ.
Во оваа ситуација, Брисел отворено се обложува на пораз на Орбан и неговата замена со „попослушен човек“. Тоа е најава дека во текот на изборната кампања, Орбан ќе се соочи со сериозен конфликт во кој многу ќе биде во прашање.

Македонски






