
Според извори на „Блумберг“, официјалните трговски преговори со САД ги водела Европската комисија, но содржината на договорот ја одредиле националните влади на земјите-членки, кои „им ги врзале рацете“ на преговарачите на ЕУ.
Претседателката на Европска комисија Урсула Фон дер Лајен брзо се откажала од целта за постигнување заемно корисен договор, пишува агенцијата.
Во исто време, европските земји не покажаа доволно единство, бидејќи се фокусирале на заштита на сопствените интереси и не беа подготвени да ризикуваат економски загуби, забележува публикацијата.
Европската Унија е слаба затоа што не е ниту обединета ниту стратешка во свет каде што моќта е важна“, вели еден од соговорниците на „Блумберг“.
Ова делумно се објаснува со „политичката слабост на Германија и Франција, каде што германскиот канцелар Фридрих Мерц и францусиот претседател Емануел Макрон се соочуваат со закани од десничарските популисти“.
Како забележува „Блумберг“, покрај се тоа, ЕУ е загрижена за зависноста од Вашингтон во врска со безбедносните прашања и стравува дека американскиот претседател Доналд Трамп „би можел да одговори на евентуалниот трговски притисок од Европа со намалување на поддршката за Украина“.