Skip to main content

Белгискиот премиер: Предлогот на ЕК за запленување на руските средства е кражба, ќе поднесеме тужба

Белгискиот премиер Барт де Вевер го нарече кражба предлогот на Европската комисија (ЕК) за запленување и употреба на замрзнатите руски средства во депозитарот „Еуроклеар“ во Белгија.

Белгискиот премиер најави дека ќе биде поднесена тужба против ЕК, доколку такво нешто навистина биде направено.

Доколку се донесе одлука што е очигледно спротивна на законот, нема основа и создава сериозни ризици за Белгија, ништо не може да се исклучи“, порача Барт де Вевер

Тој додаде дека и самиот „Еуроклеар“ во моментов разгледува жалба до Европскиот суд на правдата.

Поврзани вести