Skip to main content

Белгиja не гледа причина за активирање на Член 5 од Вашингтонскиот договор поради руските дронови над Полска

Printscreen/kremlin.ru

Белгија не гледа причина за активирање на Член 5 од Вашингтонскиот договор поради инцидентот со руските дронови кои навлегоа во полскиот воздушен простор, изјави белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево.

Мораме да избегнеме да паднеме во замката на претседателот Владимир Путин, кој сака да го доведе Западот во директна конфронтација со Москва, за да ја зајакне својата теза дека Русија е жртва, изјави Прево.

Тој смета дека инцидентот имал за цел да ја тестира реакцијата на НАТО, повикувајќи на воздржаност и избегнување на прекумерна реакција. Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен изјави дека при вистински напад Русија би можела да употреби до 2.000 дронови, додека во вчерашниот случај биле регистрирани само 19.

Според политологот Хенрик Вос од Универзитетот во Гент, Москва ја продлабочува војната, а НАТО ќе преземе се за да го ограничи тоа. Тој не исклучува Полска да биде вовлечена во конфликтот, што би ги ангажирало и сојузниците. Белгискиот началник на Генералштабот, генерал Фредерик Вансина, оцени дека Русија засега нема капацитет за директен судир со НАТО поради технолошката надмоќ на Западот.

Поврзани вести