Skip to main content

Авионот во кој се наоѓаат Мадуро и неговата сопруга слета во Њујорк

Американкста телевизија „Ен-Би-Си њуз“ објави видео од слетување на авион за кој информира дека е леталото кое се наоѓааат претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговата сопруга. Телевизијата објави дека авионот слетал во Њујорк.

Се очекува Мадуро да биде притворен во озлогласениот Метрополитен притворен центар во Бруклин.

Федералниот затвор е познат по своите сурови, нехумани услови и во него биле сместени познати затвореници, меѓу кои Хоакин Гузман, Шон Комбс, Луиџи Манџоне и Гислен Максвел.

Поврзани вести