Skip to main content

Авионот со Урсула фон дер Лајен остана без навигација, кружеше над Пловдив повеќе од еден час

Авионот во кој претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен леташе за Бугарија вчера попладне остана без GPS навигација и мораше рачно да слета, со помош на хартиени мапи. Тројца службеници запознаени со инцидентот изјавија за Фајненшл тајмс дека се сомневаат на руско попречување.

„Целата област околу аеродромот остана без GPS“, рече еден од службениците. Авионот кружеше над Пловдив повеќе од еден час, по што пилотот одлучи да слета без електронски помагала, потпирајќи се на аналогни мапи. „Несомнено, стануваше збор за пречки“, додаде истиот извор.

Поврзани вести