Skip to main content

Апсења во Европа за летање дронови над аеродромите, нема пронајдено никаква врска со Русија

Freepik

Во Европа почнаа апсења за луѓе кои летаат дронови над аеродромите, но досега не се пронајдени никакви нивни врски со Русија.

Дојче веле“ објави дека хрватски аматерски пилот бил уапсен во Франкфурт на Мајна на 3 октомври откако решил да тестира цивилен дрон и го прелетал над аеродромот.

Според полицијата, тој се соочува со казна од повеќе од 10.000 евра. Сепак, според полициските извештаи, нема никкви индиции дека човекот има некакви врски со Русија.

Еден ден претходно, тројца Германци биле уапсени во Норвешка за летање со дрон над аеродромот Ресвел. Кинески турист, пак, кој летал со дрон над аеродромот Сволвер, исто така, бил уапсен и депортиран од Норвешка, објави „Билд“.

Поврзани вести