
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој вчера кратко беше примен од папата Франциск неколку часа пред да почине денеска, изрази сочувство „на милионите христијани ширум светот кои го сакаа“.
„Само што дознав за смртта на папата Франциск. Срцето ми чука со милионите христијани ширум светот кои го сакаа. Бев среќен што го видов вчера, иако очигледно беше многу болен. Но, засекогаш ќе го паметам по пораката што ја упати во првите денови на пандемијата со Ковид-19. Беше навистина прекрасно“, напиша Ди Венс на социјалната мрежа Икс.
Тој од денеска е во четиридневна посета на Индија.