
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Иран го информирал Вашингтон дека не планира да воведува такса за поминување низ Ормуската теснина и дека ќе овозможи проток на нафта и гас од Персискиот Залив во обем кој постоел пред конфликтот.
Венс, сепак, додаде декаСАД ќе го проценуваат Техеран според постапките, а не според ветувањата.
Нашето очекување е дека ќе видиме иста количина нафта и гас што излегува од Заливот како пред почетокот на конфликтот. Тоа е она што Иранците ни кажаа дека ќе го направат“, изјави Венс во интервју за „Фокс Њуз“.
Тој наведе дека Иран и земјите од Заливот, особено Оман, разговараат за начини за обезбедување безбеден премин низ теснината, вклучително и отстранување на мините, како и за обврска на Техеран дека нема да отвора оган врз комерцијални бродови.

Македонски


