Skip to main content

Американскиот државен секретар избегна да каже дали му верува на Путин

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Канада изјави дека има „позитивна интеракција“ меѓу претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и рускиот претседател Владимир Путин за време на нивната средба во Москва.

Рубио нагласи дека откако Виткоф ќе се врати во Вашингтон, американскиот тим ќе ја анализира руската позиција и претседателот Доналд Трамп „ќе ги одреди следните чекори“.

Мислам дека постои причина за внимателен оптимизам, но во исто време остануваме свесни дека ова е сложена ситуација, рече Рубио.

Запрашан дали му верува на Путин, тој одби директен одговор, наведувајќи дека „надворешната политика не се базира на доверба, туку на постапки“.

Не можете само да кажете дека сакате мир, мора да го реализирате, и тоа важи за сите страни во секој конфликт, додаде тој.

Поврзани вести