Skip to main content

Во сабота во Скопје се отвора Rulebook – ново место за љубителите на друштвените игри

Во сабота, на 19 септември, во Скопје официјално ќе биде отворен Rulebook, најавен како најголемото board game café во градот – простор создаден со идејата дека на луѓето не им е потребно само уште едно место за седење, туку и добра причина да се соберат и да поминат време заедно.

Rulebook се наоѓа на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ број 15, а друштвените игри ќе бидат во центарот на целото искуство. Просторот е наменет и за искусните играчи и за оние кои првпат се запознаваат со овој вид забава.

На посетителите ќе им биде достапна внимателно избрана библиотека со повеќе од 200 игри, наменети за различни групи, интереси и нивоа на искуство. Изборот се движи од кратки и едноставни игри за дружење до подолги и посложени стратегиски наслови.

За гостите кои нема да знаат која игра да ја изберат, тимот на Rulebook ќе нуди препораки според бројот на играчи, нивното расположение и времето што го имаат на располагање.

Ентериерот е специјално осмислен за удобно играње, со соодветни маси, внимателно поставено осветлување и функционален распоред. Целта е и подолгите партии да бидат пријатни, а дружењето околу масата да се одвива во опуштена атмосфера.

Посебно внимание ќе им биде посветено на луѓето кои сакаат да играат, но немаат своја редовна група или не знаат од каде да почнат. Во програмата се предвидени „Learn to Play“ вечери, на кои учесниците заедно ќе ги учат правилата на игрите, како и „Find a Table“ настани за поврзување играчи и создавање нови друштва.

Покрај секојдневното café и board game искуство, Rulebook ќе организира тематски вечери, настани за друштвено играње, турнири, семејни денови и други содржини приспособени за различни групи посетители.

„Играта е поводот. Луѓето се причината“, е пораката со која Rulebook го најавува своето отворање.

Rulebook официјално се отвора на 19 септември 2026 година, на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ број 15 во Скопје. Повеќе информации се достапни на веб-страницата rulebook.mk.

giyimbahsegelJojobetSahabetmarsbahis girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositcasibombahsegeljojobetbahsegelsekabetmarsbahisJojobet Girişcasibom