
Американскиот инвестициски фонд „Ноубл капитал РСД“ (Noble Capital RSD) поднесе тужба во американскиот федерален суд против Руската Федерација, Министерството за финансии, Централната банка на Русија и Националниот фонд за благосостојба.
Фондот бара 225 милијарди долари врз основа на обврзници на Руското царство од 1916 година, објави РБЦ. Тужбата е регистрирана во суд во округот Колумбија.
Фондот предлага да го покрие долгот од руски суверени средства кои беа замрзнати по 2014 и 2022 година, за што нагалсува дека во овој случај тоа нема да претставува конфискација..
На ваквата постапка стигна одговор од Руското Министерство за финансии.
Заменик-шефот на руското Министерство за финансии Владимир Количев одговори дека Министерството не смета дека Русија има обврски за отплата на долговите на Руското царство.
Официјална Москва веќе побарала повлекување на тужбата до 30 јануари.

Македонски




