Skip to main content

„Амазон“ ќе отпушти 14.000 административни работни места

marques-thomas-on-unsplash

Американскиот онлајн малопродажен гигант „Амазон“ денеска соопшти дека планира да отпушти околу 14.000 административни работни места.

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл се стреми да ја намали својата работна сила по масовното вработување за време на пандемијата.

„Волстрит џурнал“ објави дека компанијата би можела да отпушти до 30.000 работни места во неколку бранови.

„Амазон“ соопшти дека ќе бидат создадени нови работни места во други оддели. На засегнатите вработени ќе им бидат дадени 90 дена да бараат нови позиции во компанијата

Поврзани вести