Skip to main content

Албанскиот брод „Бутринти“ во Егејско Море спасил 13 мигранти, меѓу нив две деца

ФБ Венгу

Бродот „Бутринти“ П-134, на албанската воена морнарица, што е дел од мисијата на НАТО во Егејско Море, спасил 13 мигранти, од кои две деца.

Инфомацијата ја објави министерот за одбрана, Пиро Венгу, кој напиша дека ова е „уште една успешна операција на нашите синови и ќерки на поморските сили“.

Операцијата на потрага и спасување била спроведена во тесна соработка со грчката и турската крајбрежна стража и завршила без никакви инциденти.

Aлбанските вооружени сили продолжуваат да придонесуваат за безбедносните служби и надвор од границите на земјата. Ова е четврта операција на потрага и спасување спроведена од страна на албанските поморски сили во Егејот во текот на 2025 година, со спасени 111 животи.

Од 2016 година, кога Албанија стана дел од мисијата на НАТО, во Егејско Море припадниците на албанската морнарица спасиле повеќе од 3.200 илегални мигранти, меѓу нив голем број жени и деца.

Поврзани вести