Skip to main content

Адмирал Купер до Хамас: Веднаш прекинете со насилството врз недолжните палестински цивили

ahmed-abu-hameeda-on-unsplash

Командантот на американските сили на Блискиот Исток, Адмирал Бред Купер, го повика Хамас „веднаш да го прекине насилството и пукањето врз недолжните палестински цивили во Газа“.

Како што изјави Купер, неговата наредба се однесува и на деловите од Газа кои се под контрола на Хамас и на подрачјата каде што сè уште се присутни израелски сили.

Ова е историска можност за мир. Хамас треба да ја искористи така што целосно ќе се повлече, строго ќе се придржува до мировниот план од 20 точки на претседателот Трамп и ќе се разоружа без одлагање. Ние ги пренесовме нашите грижи до посредниците кои се согласија да соработуваат со нас за да го спроведеме мирот и да ги заштитиме невините цивили во Газа. Остануваме високо оптимистични за иднината на мирот во регионот, се вели во изјавата на Купер.

Изјавата доаѓа откако се појавија извештаи за вооружени судири меѓу борците на Хамас и локални милиции во Газа, по делумното повлекување на Израел од енклавата и размената на заложници и затвореници во понеделникот. Хамас при тоа погубил мажи кои ги обвинил за соработка со Израел.

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека тие судири „не го загрижуваат“ и оти „не влијаат на неговиот мировен план“. 

Поврзани вести