
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја промовира војната против Иран користејќи вирални видеа во стилот на ТикТок, мешајќи снимки од вистински напади со сцени од филмови и видео игри, пишува „Политико“.
Според изданието, службеници во администрацијата на Трамп велат дека стратегијата функционира, наведувајќи огромен досег на објавите: „во период од четири дена… над 3 милијарди прегледи“.

Тие тврдат дека целта е да се ангажира помладата публика и да се истакнат американските војници.
Она што го правиме не е непочитување на американските војници… ние го истакнуваме… херојското дело… на начин што ќе и се допадне на публиката“, вели еден соговорник.
Друг службеник го опишал тоа што го прават многу лежерно.
Само ги вртиме главните мемиња овде“, вели тој.

Македонски


