
Блокирањето на Ормутскиот Теснец и нападите врз енергетските постројки ги запреа пратките на течен природен гас од земјите од Персискиот Залив. Сепак, голем број танкери натоварени пред ескалацијата на конфликтот сè уште не стигнале до своите крајни дестинации. На овие бродови не им остануваат повеќе од 10 дена дур да го испорачаат својот товар, наведува британскиот „Фајненшл тајмс“.

Пристигнувањето на овие последни товари со гас и нивното преземње, ќе предизвика земјите увознички целосно да ги почувствуваат последиците од кризата.
Тие ќе бидат принудени да плаќаат претерани цени, натпреварувајќи се едни со други за ограничени залихи на течен природен гас од САД и други земји, а истовремено ќе ги принудуваат домаќинствата и бизнисите да ја намалат потрошувачката на гас, нагласува „Фајненшл тајмс“.
Откако ќе се испорача овој обем, ќе почне вистинскиот недостиг на пазарот, бидејќи едноставно нема да има доволно залихи достапни за купување, дури и по премиум цени. Со други зборови, ќе има уште една рунда зголемување на цените и многу земји ќе мора да почнат да рационализираат ресурси.
Колку подолго ова продолжува, толку поскапо и поболно ќе станува, коментира весникот.

Македонски


