
Повеќе делови од Скопје вчера околу 15 часа останаа без вода.
Како што најавија од скопски Водовод поради поврзување на главниот магистрален водовод, вчера со часови немаше водоснабдување во Визбегово, бул.„Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, висока зона Железара и Бутел 1.
По бројните реакции на скопјани, од ЈП Водовод и канализација излегоа со детално соопштение за активноста што се превзема:
Се очекува оваа акција да заврши за помалку од 15 часа во кои најмногу часови се одвојува за празнење и полнење на магистралниот цевковод. Со делумен прекин на водоснабдување ќе бидат населените места Визбегово, Бул. Босна и Херцеговина, Чаир Топанско Поле, Автокоманда-само висока зона и Железара.
Скопјани велат дека не биле уредно известени за овој повеќечасовен прекин, и се побунија што нема обезбедено цистерни за вода за пиење низ општините каде нема вода.
Прво рековте 15 часа, сега пак уште 15, два дена Автокоманда без вода ја остаивте, а ни една цистерна да донесете во населбата. Мизерија 30 часа вода немаме неспособни едни, реагира скопјанец на социјалните мрежи.
3 пати во Водовод се јавивме, 3 пати лажат за времето кога ќе добиеме вода, барем цистерни да обезбедите. Катастрофа сте, повеќе од 24 часа без вода, ова го нема никаде во светот. Замислете во Кина се гради цел мост од 300 метри за 24 часа, кај нас за една цевка ќе ни треба 1 недела, коментира друг скопјанец.