Skip to main content

Посетители на Зоолошката украле пола од поклоните за мајмунчето Мики кое славеше прв роденден

Негувателет на животни во Зоолошката градина во Скопје, Војо Иванов, објави дека посетители украле дел од подароците наменети за мајмунче, што тоа ги добило по роденденска прослава.

Иванов на социјалните мрежи информира дека бил организиран роденден за мајмунот Мики, но наместо настанот да помине во позитивна атмосфера, повеќе од половина од подароците биле украдени од посетителите.

Правевме роденден на мајмунот Мики. Повеќе од пола поклони му ги украдоа гости (луѓе!!!) – на мајмунот!!! Толку имам да кажам“, напиша Иванов.

Случајот предизвика реакции во јавноста, особено поради фактот што станува збор за настан организиран за животно, а подароците биле наменети за негова грижа и збогатување на средината во која живее.

Поврзани вести