
МВР денеска соопшти дека поради протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај во центарот на градот.
Денеска, 10.2.2026 година, од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собранието на улиците 11 Октомври и Даме Груев и доколку се појави потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Скопје“ соопшти МВР.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Македонски



