
Летното работно време на јавните површини наменети за паркирање- зонско на ЈП „Градски паркинг“- Скопје почнува од 1.6.2025.
Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде:
Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.Им препорачуваме на сите корисниците на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време, со што би се спречило нивно казнување. Наплата за час паркирање може да се изврши преку: СМС порака, греб картичка, скенирање бар код и преку мобилната апликација: parking.mk“, информира претпријатието.