
Граѓанската иницијатива „Независни заедно“ ќе бара поништување на изборите во Општина Центар и повторно гласање на сите избирачки места. Како што кажа кандидатката за градоналничка на Центар, Билјана Ивановска, направен им е грабеж, бидејќи логото не било поставено на избирачкото ливче.
И покрај тоа што немавме финансии, а партиите имаа милиони во кампањата, ние сме барабар со нив според досегашните резултати. За грабежот што ни е направен ќе ги преземеме сите алатки за поништување на изборите“, рече Ивановска.