
ВМРО-ДПМНЕ излезе со коментар на фотографијата што денеска се појави на социијалните на која градоначалничката на Скопје Данела Арсовска прави „селфи“ пред Владата.
Со длабоко разбирање за состојбата во која се наоѓа и за предизвиците од лична природа на кои е изложена, нема да ја коментираме Данела Арсовска.И посакуваме добро здравје и брзо опоравување. Јасно ни е, а и сите експерти кои ги консултиравме тоа ни го потврдија дека ова нејзино однесување е надвор од нејзината волја и е посилно од нејзе.
Се надеваме дека ќе се избори со работите кои ја оптоваруваат, и иако ова однесување не доликува на дама, овие зборови, пцовки и изливи на емоции не се нормални, ги повикуваме сепак граѓаните да не ја судат за ова.
Нејзиното неработење и грешки како градоначалник се едно, а ваквите изблици на емоции и отскокнување од нормалното и пристојното се сосема друга работа за што се надеваме дека ќе успее да го надмине ова и да се стабилизира. Мандатот за среќа на сите, а и нејзина и завршува.
Очигледно и беше преголем товар и не се снајде, правејки грешки, неработејки и создавајки тензии и соработка со најголемите бандити и криминалци од ДУИ, за кои се зборува дека имаат удел во она што таа денес го претставува како личност.
Ние направивме грешка во проценката за нејзе водени од најдобри намери и за доброто на Скопје, за што жалиме и извлекуваме поука, но ваква грешка нема да се повтори и Скопје го чекаат многу проекти, многу работа и многу заеднички успеси на кои ќе се гордеат скопјани и сите ние.
А ова време изгубено да биде поука за сите нас, од која мора да научиме. На Арсовска како личност, и најчовечки со најискрени намери и посакуваме брзо опоравување и излез од оваа внатрешна, емотивна ситуација полна со предизвици во која се наоѓа.
Исто така сакаме да напоменеме дека по нејзиниот мандат во град Скопје ќе има детална ревизија на работењето со која ќе види јавноста а и институциите кои се вистинските причини за некои работи, настани и нечие однесување.