
Умејр Мухамеди, кој е носител на листата за советници на „Независни заедно“, додека во првите години од мандатот на Данела Арсовска ѝ беше советник на градоначалничката, одлука за која вели дека потоа се повлекол и научил вредна лекција, пишува во „Фејсбук“ статус за колицијата ЛЕВИЦА-ДУИ-Зелен Хуман Град во Град Скопје.
За сите кои не знаат:
Состојбата во Град Скопје беше следна:
Првите 6 месеци скоро со сите претпријатија, установи, средни училишта раководеше ДПМНЕ.
После кавгата Данела-ДПМНЕ состојбата беше следна:
ДУИ: 3 претпријатија + средни училишта КХС, Паркови и зеленило и Дрисла (еден период и Улици и патишта)
ЛЕВИЦА: Градска библиотека, Музеј на ГС и КИЦ
ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД: Лајка и членови во управни и надзорни одбори.
Значи коалиција со Данела во Град Скопје се: ДУИ, Левица и Зелен Хуман Град.
Колку и да сакаат некои да го кријат ова, таа е реалноста.
Скопјани имат право да знаат после ДПМНЕ кои други се виновници за ѓубрето, јавниот превоз, немањето културни содржини, кучињата скитници итн, пишува Мухамеди.