Skip to main content

И Општина Ѓорче Петров со темелни контроли на угостителските објекти

Општина Ѓорче Петров, известува дека во рамки на ингеренциите на локално ниво, почна со темелни контроли на угостителските објекти на територија на населбата.

Инспекторите од Одделението за инспекциски работи веќе се на терен да ја утврдат фактичката состојба на локалите. Сопствениците на објектите се должни да ги поседуваат и прикажат документите кои се потребни за локалот да работи според законските прописи.

При проверките, од општината велат дека е потребно е локалите да поседуваат:

-„Елаборат за противпожарна заштита,

-Елаборат за животна средина,

-Решенија за урбана опрема,

-Решение за вршење угостителска дејност надвор од објект,

Тековна состојба.

Апелираме документите да бидат навремено подготвени и соодветно прикажани за време на инспекцискиот надзор. Во однос на училиштата, информираме дека сите училишта на територија на Општина Ѓорче Петров поседуваат елаборати, односно План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи, Правилник за заштита од пожари и експлозии и Процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, а ПП апаратите се навремено сервисирани“, велат од општината.

-Решение за вршење дејност,