
Акцијата за чистење која почна синоќа не е маркетинг, тоа е наша обврски, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје во објава на социјалните медиуми. Според него, завршува времето кога Скопје беше град на депонијата.
Уште вчера, од првиот ден од преземањето на функцијата градоначалник ја започнавме генералката за чистење на градот. И тоа нема да биде само 72 часовна акција – тоа ќе продолжи во континуитет, секој ден. И ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сѐ се може. Тоа, всушност е наша обврска, за тоа граѓаните нѐ плаќаат, вели првиот татко на градот.
Според Ѓорѓиевски, чистиот воздух, почитувани, многу зелени површини и решенија за отпадот се темелите на еден здрав град. Скопје мора да стане лидер во еколошките политики, со конкретни и видливи резултати.
Во наредниот период ќе се фокусираме на неколку клучни приоритети: Да обезбедиме ефикасен јавен превоз, но и да го модернизираме, кој ќе ги поврзува сите делови на градот. Ќе вложуваме во нови автобуси, подобрување на сообраќајната сигнализација и безбедноста на улиците, додаде Ѓорѓиевски.

Македонски







