Skip to main content

Ѓорѓиевски се заблагодари на граѓаните за огромната поддршка и доверба: Скопје гласаше за работа, за визија и за конкретни проекти

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по резултатите од првиот изборен круг се заблагодари на граѓаните за, како што рече, огромната поддршка и доверба што ја добил.

Од дното на моето срце ви благодарам за секој глас, за секој разговор, за секоја подадена рака и за огромната доверба што ми ја дадовте во првиот круг од овие избори. Резултатот е јасен – Скопје гласаше за работа, за визија и за конкретни проекти,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека победата во првиот круг не е лична, туку „победа на сите кои веруваат во развиено, европско и функционално Скопје“.

Пред нас е втор круг. Првото полувреме го добивме убедливо, но натпреварот сè уште не е завршен. Победата мора да ја потврдиме и да ја направиме уште поголема,“ рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека од денес продолжува кампањата со „уште посилно темпо“.

Тој порача дека во наредните две недели ќе биде присутен „во секое маало, на секоја улица и во секој дом“, со цел да разговара со граѓаните и да ја претстави програмата за подобро Скопје.

Вратата на нашата коалиција е отворена за сите. Сакам да понудам соработка со сите кандидати и политички структури кои не влегуваат во вториот круг, затоа што на Скопје му треба работа, не политика,“ истакна Ѓорѓиевски.

Тој ги повика сите граѓани во вториот круг да излезат уште помасовно и да ја потврдат, како што рече, волјата на мнозинството.

Ова е битка за развиено и функционално Скопје. Да ја добиеме заедно!“, порача Орце Ѓорѓиевски, завршувајќи со мотото на кампањата – Најдоброто Допрва Доаѓа.

Поврзани вести