
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Жил Верн“ во општина Кисела Вода.
Денес извршив увид во тековните градежни активности на улицата „Жил Верн“ во Кисела Вода, проект што значи целосна реконструкција на коловозот и тротоарите, на површина од околу 1.300 квадратни метри. Оваа улица добива сосема нов лик.
По поставувањето на новата атмосферска канализација, со новиот асфалт и уредени тротоари ја заокружуваме инфраструктурната санација во целост, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку капиталните инвестиции за кои Општина Кисела Вода аплицираше до Владата.
Продолжуваме посветено, чекор по чекор, да го уредуваме секој дел за подобра, побезбедна и поубава Кисела Вода и Скопје, наведува Ѓорѓиевски.

Македонски








