Skip to main content

Ѓорѓиевски: Делото на Св. Климент Охридски е камен темелник на нашата културна самобитност што продолжува да нè води низ времињата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека со делегација на Град Скопје положи цвеќе на споменикот на Св Климент Охридски пред Универзитетската библиотека што го носи неговото име, по повод државникот празик 8 Декември посветен на најголемиот македонски учител и духовник.

Денеска со длабока почит се поклонуваме пред споменикот на Св. Климент Охридски, пред делото на светителот по чија мудрост, посветеност и учителска мисија светот нè препознава. Честит и вековит празник, Македонијо! Македонскиот народ со гордост го чествува денот посветен на еден од најзначајните ученици на светите браќа Кирил и Методиј, основачот на првиот универзитет и творецот што ги постави темелите на писменоста и духовноста на европската цивилизација. Неговото дело е камен темелник на нашата културна самобитност што продолжува да нè води низ времињата, напиша Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски во објавата порачува – да го чуваме, негуваме и да го браниме споменот и делото на најголемиот македонски учител и духовник.

Поврзани вести