Skip to main content

Герасимовски најави дом за стари лица и покачување на еднократниот надомест за пензионерите во Центар

Градоначалникот на Општина Центар кој е кандидат и за втор мандат, Горан Герасимовски, доколку биде избран, најави изградба на дом за стари лица во општината, како и зголемување на еднократна помош за пензионерите од 2.500 на 5.000 денари.

„Нашите пензионери конечно добиваат дом за стари лица во Центар. Ова е еден од моите клучни капитални проекти и исполнување на едно од најважните ветувања, да им овозможам достоинствено стареење на нашите постари сограѓани“, најави Герасимовски.

Тој, информираше дека во следниот мандат, еднократниот надоместок за пензионерите со пониски примања ќе се зголеми од 2.500 на 5.000 денари.

Поврзани вести