Skip to main content

Герасимовски бара итна средба на ЗЕЛС поради катстрофата со ѓубрето во Скопје

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовскиденеска испратил допис до Управниот одбор на ЗЕЛС за одржување на итна седница на која ќе побара да се најде решение за проблемот со сметот како на територија на Центар, така и во цело Скопје.

Утрово пуштив допис до Управниот одбор на ЗЕЛС, се слушнав и со директорката на ЗЕЛС, побарав итна седница на ЗЕЛС каде што ќе се побара решение на овој проблем. Изминатите пет дена комуналното претпријатие воопшто не се појавува на улиците во Општина Центар и се соочуваме со огромни проблеми, а набрзо не дај боже и со зарази, вели Герасимовски.

Тој потенцираше дека побарал дополнителна механизација од неговите колеги градоначалници од другите општини во државата, за да може општината сама да го расчисти сметот, откако ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје повторно потфрлија и пет дена не го собираат сметот од улиците.

Утрово Герасимовски информираше дека општинските служби, заедно со хигиеничари повторно го чистат сметот на територија на општината и просторот околу контејнерите.

И покрај тоа што ЈП „Комунална хигиена“ повторно потфрли во навременото собирање и транспортирање на сметот, Општина Центар и овој пат интервенираше со сопствени ресурси за да ја одржи хигиената на највисоко ниво и да обезбеди чиста и уредна средина за центарци. Сметот е исчистен во Капиштец, акцијата продолжува и во другите населби. Секогаш кога има застој од градската власт, Општина Центар реагира веднаш,  рече градоначалникот.

Герасимовски, потенцира дека службите се на терен со целата механизација во две смени.

Поврзани вести