Вработените во јавното претпријатие „Улици и патишта“ излегоа пред Град Скопје да си ја бараат платата која повторно не ја земале. Тие упатија порака до градоначалничката Данела Арсовска дека очекуваат претпријатието да добие одблокирана сметка, како и да добијат К-15.
Бидејќи денеска и е роденден на Арсовска, еден од синдикалците, вработен во „Улици и патишта“ и сними и видео порака: „Чекаме да дојде, да ни даде плата, за да и купиме цвеќе за роденден. Ја чекаме и да дојде да и го честитаме роденденот, ајде со среќа“.
Пред Град Скопје е донесен и еден од камионите на „Улици и патишта“.
Ова не е првпат вработените во „Улици и патишта“ да се бунтуваат бидејќи немаат редовни примања. Слично беше и минатите месеци.
Во меѓувреме, Арсовска разреши уште еден директор на претпријатието.