
Горан Бошковски носител на кандидатска листа на членови на совет на општина Сарај предводени од ВМРО-ДПМНЕ се обрати пред присутните на народниот митинг во општината.
Денес сме собрани со една силна порака, Сарај се биди. Сарај покажува дека знае и може и сака промени. За мене е огромна чест и задоволство што денеска како носител на листата на советници, стојам пред вас, пред народот што секогаш бил срцето на вистинската барба пред луѓето кои што никогаш не се предале кои знаат што значи чесна работа и љубов кон своето место. Во изминатиот период работевме неуморно бевме меѓу граѓаните, по маалата, по улиците, во секој дом ги слушавме проблемите, ги почувствувавме грижите, но уште повеќе ја почувствувавме енергијата и надежта на нашиот народ, рече Бошковски.
Носителот на кандидатската листа за советници потенцира дека нашата мисија е јасна.
Да изградиме нови улици, да направиме канализациони мрежи таму каде што со години се ветува, а ништо не се прави. Да донесеме светлина во секое маало, да направиме спортска сала, детски игралишта инфраструктура и вистински развој. Сарај заслужува повеќе, заслужува подобро, рече Бошковски и додад дека како советници ние нема да седиме мирно ние ќе бидеме гласот на народот.
Ќе се бориме за секој граѓанин, за секој млад човек, родител што сака достоинствен живот. Ќе покажеме дека постои политика што служи на народот, а не лични интереси, потенцира Бошковски во обраќањето.