Skip to main content
се чисти железничката во скопје, отстранети сите реклами

Ако „Хамза донер“ не ја тргне светлосната реклама, ќе им се раскине договорот за закуп

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје, сподели директорот на Македонски железници – Инфраструктура, Синиша Ивановски.

Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град.
Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално нерепрезентативен објект „накитен“ со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена. Превземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и внатрешниот изглед на Железничката станица Скопје преку долготрајна акција и сет на активности, сподели Ивановски.

За старт, откри тој, се отстранија сите билборди и светлосни реклами. Како што вели директорот, остана уште една светлосна на „Хамза донер“, кои одбиваат да ја извадат, а доколку не ја отстранат во рок од 7 дена договорот за закуп ќе им биде раскинат. Се отстранија сите информативни постери кои со години се напластени, а се продолжува со генералната хигиена.

Во моментов заедно со Архитектонскиот факултет работиме кон проектирање на целосна реконструкција на железничката станица, а со ИЗИИС ја проверуваме конструкцијата на самата станица.
Процесот на враќање на нормалниот изглед на железничката станица нема да е лесен процес, но да почнеме денес
П.С. Во склоп на објектот има станица на МВР, им благодариме за секојдневната соработка и помош, сподели Ивановски.

Поврзани вести