Skip to main content
ВМРО-ДПМНЕ прашува

Зошто СДСМ не бараше одговорност од Спасовски за пајакот, за кабелот или за пасошите на криминалците?

Некрофилите од СДС секојдневно продолжуваат да ја користат несреќата од Кочани за политички целиСистемот кој изминативе 9 години во МВР го насади тогашниот министер и експремиер, Оливер Спасовски, а Сашо Тасевски 6 години во БЈБ, се искоренува од институциите, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференциајата на Методија Илиевски на која тој побара одговорност од Тошковски.

Foto collage

Доколку порано за убиства, несреќи, пожари, сообраќајки, беа криви пајаците и каблите, сега одговорноста има име и презиме.

СДС не бараше оставка и морална одговорност од Спасовски кога полициски службеници се удираа сами во пајаци, кога каблите беа криви за пожари, кога беа давани пасоши на белосветски криминалци, кога секојдневно на улица главни беа Дуќанџиќ, Беланоца и Грчец.

СДС не бараше кривична одговорност од Тасевски кој пукаше во Собранието на протестите, додека други беа обвинети за тероризам над 200 години.

СДС треба да се засрами и барем еднаш да се извини за се што имаа сторено изминативе години.

ВМРО-ДПМНЕ работи на промена на системот и добивање на правда и правна држава!

Поврзани вести