Skip to main content
ВРЕДИ прашува

Зошто Ахмети не одговара кога последен пат се среднал со меѓународен фактор?

Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети, засрамена од поразот што ги очекува на 19 октомври, веќе се договори со анти-ЕУ и анти-НАТО партијата на Димитар Апасиев, соопшти Вреди.

Ова е најголемото демаскирање, по 20 години ветувања за интеграција, денес тие стануваат партнери со Левица, само за парче власт, додава коалицијата.

„Али Ахмети сè уште ѝ должи на јавноста одговори на јавните прашања: Зошто го толериравте градоначалникот на Липково да краде и да ги труе жителите со арсен? Зошто продолжувате да ги заштитувате луѓето прогласени за „нон грата“ од САД за корупција? Кога беше вашата последна средба со кој било релевантен меѓународен фактор?“, се вели во соопштението.

Светот веќе знае кој е ДУИ, додава Вреди.

„Само овие, со методите на оној што избега од правдата за корупција, мислат дека сè уште можат да ги измамат Албанците. Но, на 19 октомври, одговорот ќе биде јасен и заслужен“, соопшти коалицијата Вреди.

Поврзани вести