Skip to main content

За семејствата помош од по 150 илјади денари

Семејствата на настраданите и повредените во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе добијат по 150 илјади денари за намирување на најитните тековни трошоци. Помошта не е еднократна, рече портпаролот на Владата, Марија Митева, на денешната прес-конференција.

„Бевме информирани од страна на Црвениот крст дека се прави формално правно усогласување и проценка преку која на сите семејствата кои се погодени од ужасната трагедија, за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и средствата ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци. Се разбира, ова не е само еднократна помош, екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата контактираат со семејствата на секои три часа со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби кои настануваат и се разбира, и во идни фази континуирано, во зависност од сите поединечни потреби, сите средства ќе бидат насочени кон нив“, наведе Митева.

Поврзани вести