Skip to main content

Времето на лажни вести заврши: Баџанакот на Мицкоски, ниту ургирал, ниту вршел притисок да не се напише казна

Република

Медиумите имаат права, но и обврски. Дел од тие обврски е да известуваат точно и да лиферуваат проверени информации.
Одговорно тврдам дека станува збор за лажна информација, и на никој начин ниту сум ургирал, ниту сум вршел било каков притисок, врз било кого да не се напише казна. А доказ е за тоа е што споменатото лице уредно ја платило казната, бидејќи без оглед на се и без оглед на било каква припадност и поврзаност законот мора да важи за сите.
Ја разбирам и какафонијата во опозицијата која е и инспиратор на ваквите дезинформации и нивните стари навики за корупција, но ова е друго време.
Доколку медиумиот не ја повлече лажна вест и не се извини ќе покренам правни средства и тужба. Времето на корупција, лаги и врски завршува, а промените почнуваат од сите нас, пишува во својата објава на Фејсбук, Јанев Јодранчо, демантирајќи ги пишувањата на некои медиуми, кои објавија дека на 2 ри овој месец готвачот во ресторанот Шалом во Струмица, кој е во сопственост на баџанакот на Мицкоски, возел под дејство на алкохол, но наводно не бил казнет.

Поврзани вести