Skip to main content

Во Штип до 11 часот гласале 10,89 проценти од избирачите

Фото: МИА

До 11.00 часот на 80. Избирачки места во Општина Штип на гласање излегле 4.500 граѓани или 10,89 проценти од вкупниот број на избирачи, вели за МИА претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Виктор Вацев.

-Гласањето се одвива во најдобаред ред, немаме пријавено никакви неправилности од страна на избирачите или од страна на Избирачките одбори. Гласањето на Локалните избори во Штип се одвива во мирна атмосфера, вели Вацев.

Во централното градско подрачје на гласачките места во најголемото општинско училиште „Ванчо Прќе“, каде што утринава беше и МИА имаше зголемена фреквенција од граѓани, кои на неколкуте избирачки места го остваруваат своето граѓанско право на Локалните избори 2025 година. 

Поврзани вести