Skip to main content

Во петок во Собранието пратениците ќе расправаат за интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошкоски и Исени

По двонеделна пауза пратениците од петок се враќаат на работа во Собранието. Првите четири точки на дневниот ред се интерпелациите што ги покрена Европскиот фронт, за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и заменик министерот за внатрешни работи.

Интерпелациите дојдоа по тензиите на крајот на ноември минатата година, за време на прославата на 28 ноември. Премиерот не очекува да успеат овие интерпелации, а предупредува и на обид за поттикнување меѓуетничка нетрпеливост од страна на опозицијата.

Во меѓувреме, покрај интерпелациите за министрите, петта точка на дневен ред ќе биде и интерпелацијата против претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, Даути. Иницијативата ја покрена Левица со образложение дека Даути како претседател на комисијата ги нема ставено на дневен ред предложените измени на Законот за „Бранителите“, иако тоа постојано го бараа пратениците на СДСМ, ВМРО ,но и „Левица“. Спикерот на Собранието, Африм Гаши, најави дека за секоја интерпелација ќе се расправа посебно, а може да се расправа и во текот на денот, во зависност од тоа колку пратеници ќе се јават за збор. Сепак, до крајот на денот мора да се гласа.

Поврзани вести