
Комбинација на стари кадри на Заев и неколкумина на актуелниот лидер Филипче влегоа во новото раководство. Се потрдија пишувањата на „„Република“ дека никој со сериозно политичко минато и кредибилитет не сака да се нафати да влезе во т.н нова сила на СДСМ.
Одиме со претставување на овие свежи млади сили на „Бихаќка“

Таму е поранешниот директор на затворот Шутка Филип Андов – Сокол кој има активна кривична пријава за злоупотреба на службена должност.
Се враќа уште едно ново лице, тоа е синот на Љубомир Фрчкоски, Јон, најпознат по „шмркањето“ на работното место.

Од новите е и порашената потпреседателка Ана Чупеска која се враќа на голема врата во СДСМ. Таа си поднесе оставка по локалните избори за кои рече дека се успех за СДСМ.

Андред Жерновски. Што да се каже за овој лик. Смени неколку партии, па сега е време да дојде онаму каде што припаѓа, и иделошки и политички.

Нова, млада сила на СДСМ е и Јована Тренчевска – поранешна министерка во владите на Заев за труд и социјална политика.

Нов потпретседател на СДСМ е Александар Трајановски. Тој најпознат по фотографијата на јахтата во друштво на Заев и Филипче и по уведливиот пораз во Општина Аеродром.
Во раководството на СДСМ влезе и Андреј Бислимовски, брат на претедателот на Регулаторната комисија Марко, како и поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров Александар Наумовски.

Македонски






