
Во вториот круг на локалните избори своето право на глас денеска го остваруваат болните и изнемоштените од Крушево и од Долнени.
Во Крушево нема никаков проблем со осварувањето на правото на глас на болните и изнемоштените лица, потврдуваат од општинската изборна комисија.
Правото на глас го остваруваат 255 болни и изнемоштени.
И во општина Долнени нема никаков проблем за текот на денешното гласање. Можност да гласаат имаат 134 болни и изнемоштени лица.
Инаку, на вториот круг од изборите право на глас во Крушево имаат 7768 граѓани, а во општина Долнени се регистрирани 11.929 избирачи.

Македонски







